Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари го обвини Баерн (Минхен) за недостаток на професионализам и манифестација на непочитување поради начинот на кој германскиот клуб се обидува да го договори трансферот на Калум Хадсон-Одои.

Пред два дена, спортскиот директор на баварците Хасан Салихамиџиќ јавно го призна интересот на Баерн за крилото, што не им се допаѓа на „сините“ од Лондон.

Според медиумите, германскиот клуб веќе има направено четири понуди за 18-годишниот фудбалер, а последната понуда е од 35 милиони фунти.

– Мислам дека тоа не е професионално, бидејќи тие си дозволуваат да зборуваат за играч кој има договор. Мислам дека тие покажаа непочитување кон нашиот клуб. Не знам што да кажам. Јас сум многу задоволен од самиот фудбалер, бидејќи тој се развива. Тој работи многу добро и би сакал да го имам во иднина, рече Сари.


Администратор
11/01/2019 16:49