Осуммината исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор со премиерот Зоран Заев, барањето на БЕСА на Билал Касами за државјанството да не стои во уставниот законик туку да се стави во иднина во друг закон, на пример тој за државјанство, но по влезот на Македонија во НАТО.

Ако тоа не е возможно тогаш нема да гласа ниту еден од нив за уставните измени, дознава Макпрес од извори меѓу пратениците.

Според истите извори Заев прифатил и договор наводно има. На ова се согласила пратеничката Теута Биљали од кај Касами но не и Фадил Зендели. Ова значи дека сега власта има 79 пратеници а се очекува еден глас од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ или пак во игра се и гласовите на Панчо Минов и Лилјана Поповска.

Прашањето е кој?

Шпекулациите одат кон тоа дека активирањето на обвинението за "Талир" од СЈО е токму порака до ВМРО-ДПМНЕ како своевиден притисок за пратениците чии имиња се најдоа во обвинението.

Засега е неизвесно што ќе се случува , иако според други извори веќе се е завршено и се е само тратарски обид за патриотски перформанс на власта.


Администратор
11/01/2019 15:10