Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги коментираше гласините за можното пристигнување на „Олд Трафорд“ на сегашниот предводник на Тотетнхем, Маурисио Покетино.

– Работата на Покетино во Тотенхем? Се извинувам, но не е моја работа да ги оценувам другите тренери, но можам да кажам дека добро работеше во неговиот клуб. Шпекулации за неговото доаѓање во Манчестер јунајтед? Шпекулациите се случуваат затоа што тој е одличен стручњак, изјави Солскјер.

Токму Тотенхем е следниот противник на МЈ во 22. коло на Англиското фудбалско првенство.

Јунајтед е на шестото место со 38 поени во Премиер лигата, додека Тотенхем е трет со 48 бода.


Администратор
11/01/2019 10:50