Ако детално се разгледа гласањето за утврдување на дневниот ред на 75-тата седница на Собранието на Република Македонија, може да се забележи дека пратениците на БЕСА сепак дале зелено светло и гласале ЗА, додека двајца пратеници кои го поддржа гласањето за отварање на процесот за промена на Уставот, Лилјана Поповска и Амди Бајрам во текот на вчерашниот ден не се изјасниле и не гласале за ниту една од точките кои беа ставени на пленарна седница за гласање.

Ако се суди според најавите, не се очекува Амди Бајрам да се повлече од гласањето за Северна Македонија, а според неофицијални најави, пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска веќе најавила дека нема да поддржи промена на името со гласање во парламентот но власта нејзината замена ја најде во пратеникот Панчо Минов.

Остануваат уште двајцата пратеници од крилото на Касами, кој вчера во емисијата Клик Плус на ТВ21 уште еднаш упати порака дека доколку нема договор со Заев и нивните барања нема да бидат прифатени тие нема да гласаат за промена на името. Ако пак нивните барања бидат прифатени, според неофицијални извори, власта може да има проблем со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои преку Емилија Александрова најавија дека барањата на БЕСА не се воопшто конструктивни.


Администратор
10/01/2019 02:59