Здравството во Република Македонија се соочува со низа скандали во последниве неколку месеци, а сеуште е актуелен скандалот со декларациите на вакцините кои укажуваат на тоа дека истите се со поминат рок. И наместо надлежните и функционерите поставени на менаџерските позиции времето да го посветуваат на решавање на проблемите и унапредување на здравствениот систем се чини дека приоритет им е добрата дружба наместо грижата за пациентите.

На социјалната мрежата твитер се појави слика на која можат да се видат Директорот на Здравствен дом Скопје, дел од вработените во оваа здравствена установа како и Градоначалникот на Гази Баба како прават дружба со виски, вино и јадење пред нив.

„Директорот на Здравствен до Скопје на чело на маса заедно со Градоначалникот на Гази Баба на прослава од работа на кој се пие и пуши, додека деца се вакцинираат со вакцини со сомнителен рок. Од софра, декларација не се проверува!“ стои во твитер објавата.


Администратор
09/01/2019 12:02