На Божик во семејството на лидерот на ВМРО/ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има двојно славење. Со сите православни обичаи се слави Христовото раѓање, но и именденот на домаќинот, раскажува неговата сопруга Рози Мицкоска во интервју за дневниот весник Вечер.

За подготовките за Бадник, Божик, именденот, но и за други прослави кои ги слави семејство, а кои се во јануари, задолжена е неговата сопруга Рози.

Додека Христијан е познат на македонската јавност, Рози е елегантната дама која на телевизиските инсерти може да се забележи покрај него. Таа е секогаш со уредна фризура, шминка и убава облека, кои иако ненападни паѓаат во очи, вели дека едноставно е дел од неа. Нема стилист, го купува и облекува тоа што ќе и се допадне во моментот. Нема омилен пејач, филм, ниту пак што било друго омилено… освен децата.

– Немам омилени нешта, освен сопствените деца. Се друго само ми се допаѓа. Јас едноставно го правам тоа што прави да се чувствувам удобно во својата кожа, низ насмевка кажува таа.

Рози Мицкоска како интересен момент од нивната долгогодишна врска го издвојува оној кога Христијан доброволно се пријавил да служи војска во 2004 година, а дури отпосле и го соопштил тоа.

-Беше гардист во касарната во Илинден, со гордост кажува Рози.

Целото интервју можете да го прочитате на вечер.прес


Администратор
06/01/2019 04:26