Зголемување на конкурентноста на националната економија преку подобрени капацитети на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположивите фондови на ЕУ, беше цел на денешната тракалезна маса на тема „Како да се подобри соработката и интеракцијата меѓу развојните капацитети на малите и средни претпријатија, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна“.

Тркалезната маса се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари” во организација на „Милиеуконтакт Македонија“.

Проектот, што е во вредност од 200 илјади евра (175 илјади евра ЕУ фондови и 20 илјади евра Милиеуконтакт), е финансиран од Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Инструмент за претпристапна помош Компонента 1 – Подобрување на капацитетите за иновации, како и истражувачките и развојните капацитети на МСП, соработка помеѓу здруѓенија, компании и универзитети и институции. Проектот се спроведува од страна на Милиеуконтакта Македонија, во партнерство со ЦЕИПИЕМОНТЕ С Торино, Италија и е во времетраење од 18 месеци (15 декември 2017 – 15 јуни 2019 година).

Александра Каракашова Сачкарска, координатор на проектот рече дена на овој проект беа вклучени 15 мали и средни претпријатија избрани на повик, кои поминале низ низа обуки за достапни програми за ЕУ финансирање, развивање на проектни апликации , партнерства за формирање партнерство со ЕУ земји.

-Дел од овие програми во делот на партнерства нудат заеднички настапи, заеднички проекти за склучување на контакти со ЕУ држави, конкретно во нашиот проект избраните претставници треба да остварат средба со италијански мали и средни претпријатија. Избраните 15 претпријатија се од различни сектори: месната индустрија, лаборатории, школи за странски јазици, за дечиња со посебни потреби, стоматолошки ординации итн., рече Сачкарска.

На крајот на настанот се презентира и предлог моморандум за соработка меѓу малите и средните претпријатија (МСП), здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна.

Здружението за развој Милиеуконтакт Македонија Скопје е непрофитна организација, здружениа на граѓани, која дава поддршка на иницијативи на здруженијата на граѓани за климатски промени, животна средина и одржлив развој. Милиеуконтакт Македонија е основана во 2012 година и нивна визија е да креираат силно, видливо, професионално, самоодржливо еколошко движење, базирана на принципите на демократија и траснапрентност.


Администратор
20/12/2018 13:55