Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по денешната победа над Алавез изјави дека го радува формата на Никола Калиниќ, посебно сега кога во тимот го нема Диего Коста.

-Работи добро и се обидува да се избори за место во стартната постава. Допрва треба да се врати по тешката сезона во Милан. Зад него е успешна седмица со постигнати два гола. Ме радува што успеа да за запише во листата на стрелците. Важно е да ја врати самодовербата и за него и за тимот. Сега ни е повеќе од потребен, се осврна Симеоне на играта на Калиниќ.

Во победата над Алавез (3:0), Калиниќ го постигна првиот гол за „јорганџиите“ што е прв погодок оваа сезона во Примера.


Администратор
09/12/2018 02:05