Фестивал на младо вино „Тиквешија 2018” се реализира во Кавадарци, во организација на Здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, а со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Учествуваат 14 индивидуални производители на вино и производи од грозје, како и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров”, во кое учениците го учат занаетот за правење вино, под надзор на своите професори.

– Целта е да се поттикнат лозарите самите да произведуваат вино и со тоа да допринесат за конкуренција и постигнување на поголема цена за килограм грозје. Од друга страна, имаме такви производители на грозје кои веќе се добри мајстори на вино, па би сакале во иднина таа своја умешност да ја претворат во мали семејни бизниси, изјави за МИА, Панче Арсовски, директор на Фестивалот.

Љубителите на производи од грозје, уживаат во дегустација на разни вина, ракија и маџун.


Администратор
08/12/2018 23:17