Пред воведувањето на 100-отстни такси на стоката од Србија и БиХ, во Косово дневно влегувала српска стока во вредност од 1, 2 милиони евра, а потоа е намалена на неколку стотици евра, изјави портпаролот на Царината на Косово Адриатик Ставилеци.

– Од 21 ноември и примената на мерките од 100 отсто, имаме целосна стагнација на увозот од Србија. Ако некогаш изнесуваше 1,2 милиони дневно, сега спадна на неколку стотици евра, рече тој.

Ставилеци посочи дека од воведувањето зголемени такси, Косово купило 48 пратки, главно суровини, од Србија и Босна и Херцеговина, во вредност меѓу 2.000 и 3.000 евра.

– По воведувањето на таксите имаше неколку обиди за илегално пренесување стока во Косово, како јајца и некои прехранбени производи, но тоа не беше на вознемирувачко ниво, појасни тој.

Ставилеци уште рече дека во Србија се вратени 17 камиони со стока, на чија декларација пишувало „Косово и Метохија“.


Администратор
08/12/2018 23:15