Лицемерието на власта нема да ја покрие нејзината неспособност кога станува збор за реализацијата на капиталните инвестиции. Ниту една прес конференција, ниту штуро соопштение не може да го побие фактот дека реализацијата на капиталните инвестиции по цели 10 месеци изнесува катастрофални 32 проценти!

Нема ниту трага ниту глас од најавуваните 600 километри нови автопатишта. Ни трага ни глас нема од најавуваните 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта. Наводниот детален план за развој на патната инфраструктура на СДСМ се претвори во детална листа на неостварени предизборни ветувања на СДСМ.

Власта нема ниту еден нов проект. Нема нови училишта, градинки и болници, патишта и улици. Проектите започнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ, се одолговлекуваат или се целосно стопирани. Власта сеуште го нема пуштено во употреба ниту автопатот Миладиновци - Штип, ниту пак автопатот Кичево – Охрид.

Неспособноста на власта граѓаните ја плаќаат буквално од своите џебови. Градоначалниците на СДСМ се фалат со изграден 1 километар локален пат и поставени 100 канти за отпадоци. Ова лудило мора час поскоро да запре. Луѓето кои ги донесоа овие црнила мора час поскоро да си заминат за да изгрее зората, зора која ќе донесе нови проекти и нивна реализација.


Администратор
08/12/2018 21:01