Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Откако Филипче стапна на функција министер здравството стагнира.

СДСМ заедно со Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се соочуваат со недостиг на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.

СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префрлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.

Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.


Администратор
08/12/2018 20:57