Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод празникот св. Климент Охридски.

-Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски. Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот, стои во честитката.

Во неа се додава дека ликот и делото на св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. – Неговото дело и мисија, наведува претседателот во честитката, се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.

Чествувањето на вакви големи празници, се истакнува во честитката, е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.

-Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела, вели претседателот Иванов во честитката по повод 8 Декември.


Администратор
08/12/2018 16:44