Сообраќајот на магистралниот пат Скопје-Приштина од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник од утрово е во прекин во двата правца, за влез и излез од Косово, поради изведување градежни работи.

Сообраќајот ќе биде во прекин до 17 часот, а до тогаш се пренасочува.

Сообраќајот на државните патишта во Македонијасе одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Администратор
08/12/2018 15:54