Градоначалниците на Штип и на Прилеп Благој Бочварски и Илија Јовановски денеска се сретнаа со претставници од компанијата „Витаминка“ што инвестира во општина Штип.

Бочварски забележа дека ова е прва средба со градоначалникот на Прилеп, но не и прв контакт, бидејќи постојано комуницираат во рамки на ЗЕЛС.

– Нашите две општини генерално се соочуваат со исти или слични проблеми. Општина Штип и општина Прилеп во овој момент се во фаза на гасификација или во фаза на изработка на гасификација со што ќе дојдеме до намалување на загадувањето, до заштеди на бизнис секторот и на граѓаните, вели Бочварски.

Градоначалникот на Прилеп Јовановски истакна дека размениле и искуства во делот на функционирањето на јавните претпријатија, но разговарале и за културна и спортска соработка.

По средбата, градоначалниците и претставниците од „Витаминка“ ја посетија фабриката „Брилијант“ што е во сопственост на „Витаминка“.


Администратор
06/12/2018 18:51