Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, истакнат дипломат и професор, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски.

-Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собранието на Република Македонија и амбасадор на Република Македонија. Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија. Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал, стои во телеграмата со сочувство.


Администратор
06/12/2018 18:23