На Меѓународната вселенска станица денеска е испратена божиќна мисирка, заедно со сос од брусница, сладок компир и овошен колач.

Празничната пратка, од Кејп Канаверал на Флорида, во вселената ја лансираше американската компанија на Илон Маск „СпејсИкс“ (SpaceX) со ракета „Фалкон 9“.

Капсулата со пратката би требало до лабораторијата во орбитата да пристигне во сабота.

Покрај божиќната вечера, на Меѓународната вселенска станица се испратени и 40 глувци и 36.000 црви за проучување на мускулатурни структури и процеси на стареење.


Администратор
06/12/2018 17:05