Според последните статистички податоци, дури 83.000 Македонци се регистрирани како зависници од алкохолот, со загрижувачки пораст на младата женска популација. Станува ли македонската нација зависна од алкохолот?! Стојан Мечев е лекуван алкохоличар. Со гордост раскажува дека веќе 11 години е чист, со што, како што вели, се спасил и себе си, а и целото семејство, пренесува Телевизија Алфа.

Во земјава, од поодамна била изготвена и Национална стратегија за борба против алкохолизмот, но до ден-денес таа на заживеала, па тоа отсуство на координација ги создава овие поразителни податоци дека стануваме нација, зависна од алкохолот.

Инаку, во земјава постојат 7 Клубови на лекувани алкохоличари, што според стручњаците се премалку, ако се има предвид енормното зголемување на бројот на алкохоличари кое добива загрижувачки размери.


Администратор
06/12/2018 01:01