По протестите пред домовите на Арнаудов, Мукоски и Василевски, „Македонија-блокира“ предводена од Јанко Бачев и Филип Петровски денес ќе протестираат пред домот на Елизабета Канческа Милевска во Кисела Вода.

Тие најавија дека на пратеничката и поранешна министерка за култура ќе и биде доставено протестно писмо.

„Македонија-Блокира„ денес, чеврток, 15 ноември 2018 организира народен собир пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска во 20:00 часот каде ќе и биде предадено писмо за причините зошто не треба да гласа за уставните измени.“, се вели во соопштението на „Македонија-Блокира“.