„Македонија блокира“ ги посетија домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници да ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, кои според нив, го кажале својот став по уставните измени со неизлегувањето на Референдумот. Истовремено тие бараат од пратениците да го сменат својот став на второто изјаснување во Собранието кога ќе има потреба од двотретинско мнозинство.

Василевски истакна дека негово убедување е дека Република Македонија нема алтернатива на членството во НАТО и во ЕУ, оттаму и неговото изјаснување во таа насока.

-Македонија има единствен пат, да станеме членка на ЕУ и на НАТО асоцијацијата. Како пратеник ќе се борам да го јакнеме и стратешкото партнерство со САД, затоа што најкусиот пат до двете асоцијации е преку Вашингтон, рече Василевски.

„ Јас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат, а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива. Лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема“, додаде Василевски.


Администратор
11/11/2018 02:16