„Македонија блокира“ ги посетија домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници да ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, кои според нив, го кажале својот став по уставните измени со неизлегувањето на Референдумот. Истовремено тие бараат од пратениците да го сменат својот став на второто изјаснување во Собранието кога ќе има потреба од двотретинско мнозинство.

Пред домот на пратеникот Сашо Василевски дојде до вербален инцидент помеѓу пратеникот и предводникот на протестите Јанко Бачев. во кој што беа употребени погрдни и некултурни зборови.

„Како не ти е срам бе, шпион еден. Народен пратеник. Со колку те купија, шпион еден? Како не ти е срам? Копиле едно, ја предадовте државата. Знаете што ве чека? Истополови бракови, хомосексуализам, посвојување на деца од истополови бракови. Вршиш злосторство. Како не ти е срам? Да ви е*бам педерите, да ви е*бам“, му рече Бачев на Василевски.

Фотографијата и видеото се превземени од Ohridnews.com и Ohrid1.com


Администратор
11/11/2018 02:14