Грција нема обврска да менува устав како нас за да гарантира дека нема територијални претензии кон нас, одговори министерот Никола Димитров на прашањето на пратеникот Зоран Илиоски, кој на денешната комисиска расправа за третиот амандман го праша кога и Грција ќе го смени нејзиниот устав по иста линија како ние.

-Обврската за гарантирање на суверенитетот е взаемна но Грција не е обврзана со договорот да го менува уставот и да впише како и Македонија дека нема територијални претензии.

Ние сме во понеблагодарна положба оти Грција е членка на НАТО и ЕУ. Со договорот Македонија прави повеќе но и добива повеќе. А ние зависиме од земјите кои се веќе членки, рече министерот.

Димитров потсети на ставови на Груевски од 2009 година кога кажал дека Грција тогаш барала идентитетски промени, кои сега немале да се случат оти македонскиот народ и македонскиот јазик биле гарантирани.


Администратор
10/11/2018 18:40