Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, денеска на собраниската Комисија за уставни прашања истака дека после завршување на процесот со уставните измени, ние нема повеќе да бидеме Mакедонци, нема да бидеме Република Македонија, ние ќе бидеме Република Северна Македонија.

-Во Уставот ќе пишува дека ние самите се соглaсивме да бидеме Република Северна Македонија. Можеме да кажуваме дека бевме под притисок, дека таква е политичката консталација, дека големите сили така размислуvаат, дека ЕУ и НАТО бараат услов од нас за да влеземе во тие сојузи, сето тоа може да го кажеме, меѓутоа историски да се потсетиме и нашите предци биле под некој притисоци биле под притисоци пет века, истака Илиоски.

Тој додаде дека силината на нашиот народ е во тоа што никогаш не се откажале од исконското дека сме Македонци и дека ова е Македонија.

-Се прекршија многу закони и многу законски чекори. Владата иницира референдум бил консултативен не бил обврзувачки. Да не заборавиме луѓе ние сме тука во овие клупи по избор на граѓаните, граѓаните нас не делегирале да бидеме овде. Владата е избрана преку нас од граѓаните. Сега кога на референдум за важно прашање, граѓаните ти испаќаат порака дека не сакаат да го променат името, односно не сакат да го прифатата договорт со Грција Владата менува реторика и вика оставете ги граѓаните.

Илиоски на крајот потенцираше дека со тоа што граѓаните не излегле на рефрендум дале до знаење дека не го поддржуваат овој процес.


Администратор
10/11/2018 18:33