Соопштение до јавноста – реакција на реакцијата на Град Скопје на прес конференцијата на Ирена Попова

Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, скопјани се гушат, а прозорците од домовите не можат да ги отворат и тоа сите граѓани го гледаат и чувствуваат освен градската власт. Во услови кога грејната сезона речиси и не е почната загадувањето бележи рекорди.

Лицемерието на градоначалникот и СДСМ излезе на виделина. Едно зборуваа во опозиција друго зборуваат на власт. Од нивната стратегија и 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки нема никаков ефект.


Администратор
10/11/2018 18:14