Го победивме Косово во Европската мрежа на оперативен систем за пренос на електрична енергија (ENTSO-E). Ова е мала победа за нас, среќни сме бидејќи Косово не успеа да го направи она што го планираше да го направи во енергетиката“ изјави српскиот претседател Александар Вучиќ после воената вежба на „Пасуљански ливади“.

– Им благодарам на сите од квадрилатералата кои гласаа против Косово во оваа организација, но исто така и на Македонија и на Црна Гора, кои овој пат беа воздржани . Ова за нив е мал пораз, но за нас е голема победа – рече Вучиќ.

„Благодарен сум му бескрајно и на Виктор Орбан. Унгарија го призна независно Косово, но гласаше за Србија, односно против нивниот предлог, не беше ниту воздржана. Романија гласаше за нас, Бугарија гласаше за нас, иако го признаа независно Косово, ви благодарам. Грција гласаше за нас, БиХ гласаше за нас “, изјави Вучиќ за новинарите.

За првпат, истакна Вучиќ, Македонија и Црна Гора беа воздржани.

“Овој пат, тие не успеаја да сторат сé што планираа во енергетската агенција. За нас ова е помалку звучно од Интерпол, но за нашиот народ на северот на КиМ тоа беше веројатно поважно и позначајно од Интерпол”, рече Вучиќ.

Како што рече, не е спорно дека Германија ќе го поддржи Косово во Интерпол.

– Ако ме прашате пред два дена, би рекол дека немаме шанса за ENSO-E, но успеавме. Сите работат за нив, и Американците и другите. Ние веруваме во пријателство со некои земји, ќе се бориме до последниот момент – рече Вучиќ.

Српскиот претседател во четвртокот навечер по состанокот во рамките на Бриселскиот дијалог со косовскиот претседател Хашим Тачи и посредникот еврокомесарката Федерика Могерини предупреди дека Европејците се обидуваат незаконски да ја исфрлат Србија од енергетската мрежа на северно Косово.

„Во нацртот на предлогот на енегетскиот договор договорено е во рамките на Заедницата на српски општини да се формираат две мешовити компании на северно Косово за пренос на струја до косовскиот оператор во Приштина. Бидејќи ЗСО не е формирана, по нивна вина, тие и тоа сега сакаат да ни го грабнат. Сакаа да ни го грабнат правото да транспортираме струја, на еден далекувод кон Македонија, два кон Албанија и три кон Црна Гора.“-рече Вучиќ.

„Оваа одлука до понеделник треба да се донесе и досега против нас ваква одлука донесоа Германија, Франција, Италија, Швајцарија, Луксембург, Холандија и Хрватска“изјави Вучиќ, додавајќи дека Електростопанството на Србија и самата држава нема да ги спроведува нивните одлуки и ќе се жали секаде каде може.


Администратор
10/11/2018 13:59