СДСМ е партија предводена од аболициран криминалец кој никако да се соочи со правдата. Впрочем цела јавност виде како бара едно евро за црквата едно евро за Вицето. Сите видоа, освен правосудните органи. Истите тие правосудни органи кои при очи се прават слепи а при уши глуви од друга страна под диктат на одродената и криминогена власт на СДСМ и Заев вршат прогон во политички конструирани случаи.

Ова се вредности на криминалниот картел на власт. Тоа се мафијашки, а не европски вредности. Криминалот, корупцијата, лагите и манипулациите се карактеристика на СДСМ. Костадинов криминалот треба да го бара во своите редови. Впрочем за кредибилитетот на портпаролот на Костадинов говори и фактот што тој наместо да работи за доброто на граѓаните целата енергија ја троши на манипулации, се разбира кога не троши време да го правда вработувањето на неговата мајка Централен регистар.


Администратор
08/11/2018 16:53