По скандалозното навивање на навивачката група на Шкендија пред натпреварот со Шкупи во Тетово на социјалните мрежи се појави и видео од инцидент кој се случил на ракометниот натпревар од домашното првенство помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Охрид одигран во градот под Марковите Кули.

Екипата на Охрид го доби натпреварот со високи 18 гола разлика, но сепак во сенка на резултатот ќе остане инцидентот на навивачката група на охриѓани - Рибари со дел од полицијата која била задолжена за обезбедување на овој натпревар.

Како што може да се види од видеото, во блискиот контакт кој го имаат со навивачите дел од припадниците на МВР посегнуваат и по своите пендреци и без размислување упатуваат неколку удари кон навивачите иако поглем инцидент или нешто повеќе од нормално навивање не бил забележан во салата. Дел од присутните коментираат дека инцидентот се случил поради гужва околу знамето со 16 кракото сонце односно Вергината.


Администратор
05/11/2018 01:42