Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека како министер за здравство секогаш работел согласно законот и во интерес на граѓаните на Република Македонија и дека очекува да се расчистат сите дилеми по однос на некакво негово вклучување во сомнителни злоупотреби во Министерството за здравство.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи рече дека изминативе години слушал секакви шпекулации и додаде дека негова интенција е да се отвори истрагата, оти не отстапувал од законот.

- Не можам да прејудицирам, СЈО има обврска да отвори истрага за секој сомнеж, за секој прислушкуван разговор, мој личен интерес беше што побрзо, бидејќи две, три години слушам секакви шпекулации мое инсистирање беше што побрзу да се овори истрагата и да се констатираат фактите. Јас сум убеден дека фактите можам и во кој било момент да ги приложиме дека апсолутно нема никакво отстапување во ниту една буква од законот во која било постапа во Министерство за здравстви, рече Османи.

Во однос на обезбедната бројка на пратеници кои ќе ги изгласаат уставните измени, Османи рече дека се оптимисти и дека има двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени.

- Се разбира дека тоа ќе треба да го видиме во понеделник. Меѓутоа, тоа што е важно е дека тоа двотретинско мнозинство нема да биде потребно само при првото гласање, ќе биде потребно и при последното гласање, што ќе биде после три месеци. Очекуваме дека ќе има различни видови притисоци, така што тоа го прави комплексен целиот процес на уставни измени, меѓутоа секој сфаќа дека алтернатива на недонесување на одлука сега во Собрание е многу непредвидлива, многу опасна за државата, изјави Османи.

Тој негираше какви било притисоци до него.


Администратор
11/10/2018 20:32