Ние како партија го кажавме нашиот став и да се случат уставните промени, мислам дека владата веќе нема морален кредибилитет за да продолжи, а Заев за да продолжи како премиер. Ова вчера во отвореното студиот на „1ТВ“ го изјави Зијадин Села.

Зарем Бујар Османи е незаменлив, прашува Села, коментирајќи го отворањето на истражна постапка за вицепремиерот и министер за евроинтеграции од редовите на ДУИ.

Бујар Османи утре треба, не да даде оставка туку да биде разрешен од премиерот, бидејќи која е логиката да ги гледаме Груевски и Мијалков да одат по судови, а не се дел од власта. Или ако не го разреши, нека ги земе и нив и нека бидат дел од власта и нека продолжат барем полесни ќе им бидат уставните промени! – вели Зијадин Села.


Администратор
11/10/2018 20:07