Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Куманово -Скопје на делницата Романовце-Миладиновци.

Според МВР, возилото „пежо 206“ со скопски регистарски таблици во 14:50 часот, управувано од 32-годишната Ј.Л.С, изгубило контрола, удрило во брегот и се превртело.

- Жената се здобила со повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а сопатникот М.Л е неповреден, соопшти полицијата.


Администратор
11/10/2018 18:22