Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека би ги посоветувал пратениците од Лабуристичката партија да гласаат против договорот за Брегзит, подготвен од Тереза Меј.

Блер, кој беше премиер од редовите на Лабуристичката партија од 1997 до 2007 година, истакна дека гласачите треба да добијат можност за нов референдум дали земјата да остане во ЕУ, бидејќи според него британската политика блокирала.

Ако Меј постигне договор со ЕУ, тој ќе треба да добие поддршка во Парламентот, кој е поделен околу прашањето за Брегзит. Лабуристичката партија најави дека најверојатно ќе гласа против било каков договор кој ќе го претстави премиерката.


Администратор
11/10/2018 16:44