Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод празникот 11 Октомври - Денот на народното востание, во свое и во име на партијата, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

- На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност. Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот. Со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба ни го покажаа патот кон слобода, еднаквост и напредок, наведува Кирацовски во честитката.

Заложбата на нашите предци за слобода и независност, како што псочува тој, денес е е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму кадешто вистински и вредносно припаѓаме.

- Денес, горди на нашето минато, со одлучност тргнуваме кон иднината, да ги реализираме децениските заложби за слободна демократска и развиена држава - партнер на регионот и светот. Македонија заслужува и Македонија ќе биде дел од најмоќните светски сојузи - ЕУ и НАТО, пишува генералниот секретар на СДСМ во честитката


Администратор
11/10/2018 14:24