Освен заканата за промена на границите што му се заканува на Косово, идентични претензии има и Грција кон Албанија, јавуваат албански медиуми.

Таа констатација ја пренесува порталот „Албеу“ наведувајќи дека изјава „бомба“ за промена на границите на Албанија во Норвешка дал шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

-Да. Разговараме со Албанија и за промена на границите, изјавил Коѕијас.

За разлика од Коѕијас, од албанска страна до неодамна се тврдеше дека се разговара за одржување на граничните камења, а не за менување граници.

- Иако Грција се чини започна нови претензии кон албанската територија, албанската влада е многу смирена и ни малку вознемирена, наведува порталот во написот под наслов „Коѕијас го разоткри тајниот план со Рама: Промена на границите со Грција“.

Ова е втор удар, како што го нарекува порталот, врз владата на Еди Рама по изјавата на премиерот Алексис Ципрас дека не постои прашање за Чамите (протерани Албанци од грчката област Чамарија).


Администратор
12/09/2018 20:05