Жером Боатенг од Баерн Минхен изјави дека е почестен што интерес за него пројави Жозе Мурињо, но јавно се заблагодари за понудата да премине во Манчестер и реши да остане во Баерн.

- Му се јавив на Мурињо и му реков дека сум почестен заради интересот од Мурињо и неговата голема упорност да ме ангажира Манчестер Јунајтед.

Боатенг ги кажа причините зошто не може да ја прифати понудата.

- Тешко е да се напушти Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот, особено откако тренер е Нико Ковач кој ме увери дека сум многу важен за тимот, изјави дефанзивецот.

Фудбалерот објави дека имал понуда и од ПСЖ.


Администратор
12/09/2018 19:04