Референдумот на 30 септември, како и случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Косово и Србија, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Ахмети, информираат од ДУИ, го запознал Тачи со одвивањето на кампањата за референдумот, подвлекувајќи ја големата важност од успешната реализација на Договорот од Преспа.

Двајцата соговорници се согласиле дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија треба масивно да излезат и да гласаат „ЗА“ НАТО и ЕУ. Заклучиле дека евроатлантската интеграција е единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност.

Ахмети посочил дека целосно ги поддржува интензивните напори на институциите на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата и оти е време за целосна интеграција на Југоисточна Европа во НАТО и ЕУ.


Администратор
12/09/2018 17:17