Без јавна дебата не е возможно да се реализира барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

- Нашето Министерство има задача кога ќе го добие барањето за А интегрирана дозвола, да направи анализа и во една јавна расправа и широки консултации, да дојде до решението. Бидејќи се работи за А инсталација, ќе треба да има стартегиска оценка за влијанието на животната средина, која што сакам да потенцирам, не се врзува со типот на земјиштето и намената, не е тоа наш ресор. Ние сме да гледаме и процениме како се еколошките стандарди и какво е влијанието на почвата, водата и воздухот, нагласи Макрадули во Демир Капија, каде што е на средба со жители, заедно со Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Макрадули додаде дека компанијата, инвеститорите и самите се заинтересирани да направат стратегиска оценка за влијанието, бидејќи и на тој начин се кредитира и се поттикнува стопанството.

- Се разбира без јавна дебата тоа не е возможно да се направи. Впрочем и денес најавивме дека идната недела за гасоводот кој поминува по сртот на Водно од јужната страна, ќе правиме повторно јавна дебата, дециден беше заменик министерот.


Администратор
11/09/2018 17:08