И по девет месеци откако министерот за здравство Венко Филипче е прв човек во ресорот наместо решавање на проблемите, тие од ден на ден ги има се повеќе.

Владата и Филипче најавија покачување на платите на вработените во јавното здравство за пет проценти, а не како што беше ветено во предизборието 15 проценти и тоа во првите шест месеци откако ќе дојдат на власт, Но, вработените и по скоро година и пол откако оваа гарнитура е на власт ќе добијат само 5 проценти повеќе на нивните сметки. Со ова не се согласува Синдикатот на Клинички, но никој не обрнува внимание иако таму се праќаат речиси сите пациенти кои ќе се соочат со некоја потешкотија.

Но, не само што нема повисоки плати како што е ветено, нема ниту хигиена. И не само што нема хигиена во околината, продолжува истата пракса и во просториите на самите клиники.

За Хируршките клиники пишувавме и кон крајот на јули.

Но, во текот на денешниот ден состојбата не само што е иста, туку е и полоша. Депонијата е уште полоша. Проблемот со овие простории кои се во ваква ситуација неколку месеци е тоа што токму од овој дел се носи храната за пациентите.

Оваа Клиника ионака се бори со чистотата. Проблемот таму не е само во овие делови, туку како што велат упатените и во операциските сали, бидејќи реновирањето на Неврохирургија е почнато зимава. Хирурзите, анестезиолизте, вработените кубурат со сали за оперирање. Оттука, велат упатените, пациентите честито добиваат инфекции.

Неодамна министерот за здравство, Венко Филиче кој и самиот доаѓа од оваа клиника беше во посета да види до каде е со работата. Но, јавноста не доби одговор кога е планирано да заврши реновирањето. С.Д.

За потсетување. Еве како беше:

А еве како е сега:


Администратор
11/09/2018 00:54