Двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на пешачки премин, како и еден возач за некористење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник, како и три нерегистрирани возила. Затекнати биле 36 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 34 возила.


Администратор
07/09/2018 10:34