Москва разбира дека Атина била под „силен притисок" за да ги протера руските дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

- Ние многу добро разбираме дека притисокот врз кој била изложена Грција, бил много силен. Со сигурност можам да кажам дека се потпирам на факти, изјави Захарова. Таа додаде дека Атина успеала да се спротистави на „првите бранови на притисок", и поконкретно во ситуација, во која солидарноста се користеше како аргумент за вовлекување на државите во „провокативна активност на Велика Британија".

- Во тој случај тоа беше игра, во која, се разбира, Грција беше вовлечена. Играта беше многу етапна, ние едноставно го знаеме тоа, вели портпаролката на министерството. Таа подвлече дека во случајот за притисок врз Атина биле вмешани не само британските претставници, туку и нивните американски партнери.

Захарова изрази жалење за одлуката на Атина да протера руски дипломати, истакнувајќи дека таквите инциденти не се без последици и ги нарушуваат билатералните односи.

Атина соопшти минатата недела дека ќе протера двајца руски дипломати и оти ќе забрани влез во државата на други двајца, поради мешање во внатрешните работи преку демонстрации против договорот за името со Република Македонија. Дипломатите беа обвинети дека се обидувале да поткупат грчки официјални претставници.


Администратор
19/07/2018 01:04