Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во изградбата на автопатот Кичево -Охрид.

Увидот ќе биде извршен кај тунелот близу местото Извор, од страна на Кичево.

За изградбата на делницата долга 57 километри се предвидени 374 милиони евра од EXIM BANK и од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Вкупниот прогрес на градежните работи е 60 отсто. За проектот е потпишан Анекс на договорот за продолжување на рокот до 30 јуни 2021 година.


Администратор
10/06/2018 15:50