Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот за воздухопловно техничко одржување (СВТОд) од воздухопловната бригада (вбр). Должноста командант на СВТОд од потполковник Новица Стоилковски ја презема потполковник Александар Митрески.