Connect with us

Општини

Зголемени водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

Поради врнежите од дожд и снег,во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска и на Крива Река, без излевање.

Во општина Новаци нивото на Црна Река изнесува приближно 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.

– Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедуваат храна, вода и неопходна поддршка. Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализациската мрежа. ТППЕ врши испумпување вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители – се наведува во соопштението од ЦУК. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2