Connect with us

Сервисни информации

За викендов ветер и слаб снег, од понеделник повисоки дневни температури

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. 

Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

Следната недела минималната темература ќе биде во интервал од -4 до осум степени, а максималната од осум до 20 степени.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2