Connect with us

Економија

Синдикалната потрошувачка кошничка во февруари зголемена за речиси илјада денари во однос на јануари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.

„Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари изнесува 67.382 денари, во споредба со претходниот месец е зголемена за 969 денари, за 2 месеци е зголемена за 1.890 денари, а за 24 месеци колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, зголемена е за повеќе од 10.000 денари“, наведе Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

Тој додаде дека, според него, работниците се соочуваат со влошување на економската состојба. „За два месеци работниците се посиромашни за 1.890 денари, а тие се фалат дека ќе ја усогласувале минималната плата за 1.666 денари“, објави Трендафилов.

Во објавата, претседателот на ССМ ги критикува и политичарите во однос на нивниот однос кон работниците. „Последните денови слушнавме дека политичарите традиционално кога се во опозиција сите ги поддржуваат работниците и се фалат со тоа, а кога се власт се против работниците без исклучок“, наведе тој.

Трендафилов посочи и дека просечната плата за 2025 година е зголемена за 9,6%, што, како што наведува, ќе значи и зголемување на платите на функционерите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1