Вести
Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски.
– Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба, која би се реализирала во наредниот период – пишува Муцунски.
февруари 20, 2026

