Connect with us

Вести

Андоновски – Варнс: Стратешкиот дијалог е основа за соработка меѓу двете држави

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која ја потврдиле силната и стратешка соработка меѓу двете земји.

Како што информира Андоновски на социјалните мрежи, на средбата изразил благодарност за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнењето на сајбер-безбедноста.

– Нашиот стратешки дијалог е основа за соработка во смисла на јакнењето на економскиот, трговскиот и стратешкиот потенцијал за соработка помеѓу нашите две држави. Сајбер-безбедноста и дигитализацијата се еден од темелите на овој дијалог. Продолжуваме да градиме партнерства што носат конкретни резултати за граѓаните и за развојот на државата – напиша Андоновски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4